На 10.11.2026 година во 11:40 часот, по претходна пријава од граѓанин дека во близина на маркет на улицата „Браќа Миладинови“ во Тетово непознато лице се однесува агресивно, полициски службеници од СВР Тетово излегле на местото на настанот.
Таму бил затекнат 39-годишен жител на село Долна Бањица, гостиварско, кој викал на висок тон и се однесувал непристојно на јавно место.
Тој бил лишен од слобода и задржан во полициска станица. Се преземаат мерки за соодветно санкционирање.