На 25.05.2022 во 18.30 часот во ОВР Кавадарци, 35-годишен жител на Кавадарци пријавил дека околу 11.45 часот на ул.„Ѓоре Брушански“ едно лице се соблекло на јавен простор пред малолетничка, информираат од МВР.

Оттаму додаваат дека бил известен јавен обвинител и се преземале мерки за расчистување на случајот.