На 11 октомври 2024 година (петок), во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија, во 12:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ ќе ја додели државната награда „11 Октомври“ за 2024 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија.
Наградата за животно дело во областа на културата и уметноста ќе им се врачи на: Љупчо Каров, мултимедијален уметник; Владимир Темков, академски сликар и Јовица Михајловски, драмски актер и продуцент; додека во областа на науката – на проф. д-р Марко Китевски, истражувач на македонскиот фолклор.