Цените на становите и куќите паѓаат на многу места во Германија. Експерт од Институтот за германска економија објаснува дали сега е време за продажба или купување недвижен имот.

Со години пазарот на недвижности во Германија расте, а цените се зголемуваат.

Ниските каматни стапки го олеснија купувањето недвижен имот, што резултираше со бум на побарувачката и драстичен скок на цените.

Сега кога централните банки ги зголемуваат каматните стапки, на тој тренд изгледа му дојде крајот. За прв пат по неколку години паѓа интересот на купувачите, како и цените на становите и куќите.

„Пазарот е во состојба на шок“, вели еден од водечките германски експерти за недвижнини.

„Рамковните услови се влошија за краток временски период“, вели експертот.

Само во втората половина на 2022 година, цените паднаа меѓу четири и осум проценти.

Многумина затоа се прашуваат дали е дојдено време да се инвестира во недвижности во Германија.

„Понудени се значително повеќе постари имоти. Дефинитивно има можности да се влезе на пазарот и да се инвестира“, вели експертот.

Но, ризици има токму тука, бидејќи постарите згради, кои најчесто се згради со ниска енергетска ефикасност, бараат дополнителни инвестиции.

„Во последната деценија речиси и не беше важно кој имот ќе го купите“, вели експертот. „Оваа деценија е поинаква. Инвестициите понекогаш можат да тргнат наопаку“, предупредува експертот.