Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека е извршено унапредување на системотот „МојДДВ“ и планираните активности за миграција на системот на нова ИТ инфраструктура успешно заврши вчера попладне. Со оваа надградба обезбедивме поголема сигурност, побрза работа и поголема достапност на услугата за сите корисници.

Апликацијата „МојДДВ“ од вчера, 23.06.2026 година од 16 часот е целосно функционална, стабилна и достапна за користење. Граѓаните можат да продолжат со скенирање на своите фискални сметки.