Претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта. Врнежите наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m²). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утрото ќе биде свежо, со минимални температури кои ќе се движат од 1 до 9 степени.
Во текот на денот максималните температури ќе бидат пониски во западните и северните делови, каде што ќе достигнат околу 11 до 18 степени. Во централните делови ќе се движат околу 18 до 21 степен, додека најтопло ќе биде на југоистокот, каде температурата ќе достигне до 23 степени.
Во Скопје, претежно облачно и постудено. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, кои во делови од котлината ќе бидат со умерен до повремено засилен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.