Vestiplus.mk
Uncategorized

Дали се враќаат рестриктивните мерки? – Можно ограничување на работното време на кафичите и рестораните поради недисциплината

Минатата недела, но и оваа, бројките покажуваат дека ковид-19 се шири, а тоа е причина да се вратат благи рестриктивни мерки, вели епидемиологот д-р Александар Стојанов, директор на Центарот за јавно здравје-Скопје. Според евиденцијата, бројот на смртни случаи е загрижувачки висок, а не опаѓа ниту бројот на новозаразени пациенти, што зборува дека ширењето на вирусот не стивнува, пишува Мета.мк, а пренесе Centar.mk

– Ситуацијата е сериозна. Ние сме далеку од спас од ковид-19 и тоа е така зашто не ги почитуваме мерките. Затоа, можно е да се воведат рестриктивни мерки од типот на намалување на работното време на локалите кои сега работат до 12 односно 1 часот по полноќ. Потоа, има шанси да има рестрикции во јавниот градски и меѓуградски превоз. Училиштата и градинките ќе си работат бидејќи таму се очекува да се почитуваат мерките и протоколите. Ние половина година константно имаме проблем, не сме имале досега ниту еден ден без ковид случај и ден без смртен случај – вели д-р Стојанов за Мета.

Можеби ќе ве интересира...

183 санкции за пребрзо возење

Vesti +

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се разбуди од сон за короната, но нивните предлози се одамна имплементирани

Vesti +

Стражар во рудник во Прилеп пронајден мртов под неговиот автомобил

В+

Убава вест: И денеска нема ниту еден починат од коронавирус

В+

Велика Британија ја прекинува евакуацијата од Кабул

В+

Богаташ сретнал сиромашен рибар и почнал да му соли памет: Неговиот одговор се прераскажува со години

В+