СВР Струмица поднесе кривична пријава против 61-годишник и 28-годишник, двајцата од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 09.11.2025 во близина на ноќен клуб, полициски службеници извршиле преглед кај второпријавениот, при што кај него бил пронајден и одземен кокаин, кој претходно го набавил од првопријавениот.