Фњјсбук статус на Митко Бојкацалиев, дополнителниот министер за внатрешни работи:

Згрозен сум од чинот што се случи ноќеска кога колега полициски службеник нападнал друг колега пред угостителски објект којшто во тој момент извршувал службени дејствија. Напад врз полициски службеник е напад на држава! Истиот е лишен од слобода и повикувам внатрешна контрола и СВР Скопје да постапат соодветно и максимално професионално.

Македонската историја не памети ваков случај на поранешен висок полициски функционер да нападне и спречи свој колега во извршување на својата службена должност.

Ова е преседан во полициското работење, повикувам максимално професионално да се расветли овој случај во интерес на граѓаните и државата!