Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, одговарајќи на новинарски прашања во рамки на неговата денешна посета на мавровско-дебарскиот крај потврди дека има нови детали за минатонеделното убиство на матичниот лекат во Железара.

„Да, има нови моменти, има веќе и трето лице приведено, ќе се врши полиграфско испитување и ќе се направи совпаѓање на доказите на лицата кои се приведени. Доколку имаме совпаѓање, ќе имаме и соодветна пријава.“, потенцираше дополнителниот заменик министер Бојмацалиев.