Во 2023 година имало извоз на 53 милиони литри вино од државата. Винската индустрија е особено важна за македонската економија при што наша задача како Царинска управа е да овозможиме услови за олеснување на трговијата и забрзан транспорт се со цел зголемување на конкурентноста на македонските производители на вино, истакна директорот Стефан Богоев на денешното кроење на винови лози во сопственост на винаријата Бовин.

„Како партнер на македонското стопанство наш врвен приоритет е преземање мерки за олеснување и забрзување на трговијата. Ова овозможува подобрување на условите за водење бизнис како клучно за зголемување на инвестициите на македонското стопанство, вклучително и винската индустрија, како и зголемување на вработеноста во државата“, истакна Богоев.

Македонската винарија Бовин минатата година извршила извоз на 174 илјади литри вино во вкупна вредност од 41 милион денари.

Директорот Јани Богески истакна дека со Царината имаат одлична соработка и оти мерките што се имплементираат за олеснување на трговијата им овозможува поголема конкурентност во однос на останатите земји од регионот.