Граѓаните се крајно незадоволни од градоначалниците на ДПМНЕ, тоа го покажуваат истражувањата, истакна потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев во интервју за „Слободен печат“.
Богоев ги повика ДПМНЕ да си ги видат анкетите за задоволството од нивната градоначалничка во Скопје, од нивниот градоначалник во Битола, во Велес, Штип, Аеродром и нивните рејтинзи, кои покажуваат крајно разочарување на граѓаните.

Онаму каде ДПМНЕ е најслаб со градоначалници и нивно делување и исполнување на програмата што ја ветиле, а тоа се мнозинството општини, тоа ќе им се рефлектриа и на изборните резултати, рече Богоев.

Потпретседателот Богоев како пример ја наведе општина Карпош, каде советниците на ДПМНЕ и Левица во коалиција прават блокади, кочат и ја уништуваат општината.

Сега ги гледам го кочат буџетот. Тоа се средства за плати за луѓето што ја одржуваат хигиената на општината, за одржување на водоводи училишта, градинки, кај што одат нашите деца. Тука се гледа злонамерноста на ДПМНЕ и на Левица, истакна Богоев, додавајќи дека советниците на СДСМ во Карпош ќе продолжат да се борат во интрес на граѓаните и нема да поддржуваат непопуларни ДУП-ови со претерано градење, а ќе поддржат, се што е корисно.

Богоев нагласи дека Владата на ДПМНЕ 11 години не ги поддржуваше општините, коишто беа раководени од СДСМ, и тоа не само што не ги поддржуваше, туку и ги кочеше во проектите.
Владата предводена од СДСМ ги поддржува оштините, не за да ги поддржи градоначалниците на ДПМНЕ, туку за да реализира нешто кај граѓаните. Кога градоначланикот од ДПМНЕ веќе ги запоставил, барем граѓаните да видат дека има Влада од СДСМ којашто се грижи за нив. Ако не е поддршката од граѓаните во т.н. вмро-овски општини нема да се случува ништо, ниту Тимчо ќе изгради градинка, ниту Пецаков ќе изгради било што, ниту пак Коњановски во Битола, којшто е за жалење како градоначалник, ниту оној незнаен јунак во Прилеп, на кој ни Прилепчани веќе не му го знаат името. Никој од нив не би направил ништо ако не е сегашната поддршка од владата, порача потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев во интервју за „Слободен печат“.