„Тој интерконектор којшто ќе се изгради и за пет години ќе го има, знаете зошто ќе има поевтин гас во Македонија… Затоа што имаме резервиран капацитет за наредните 15 на договолни количини на гас за да бидеме самостојни како држава. изјави вицепремиерот Битиќи на „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека факт е дека е направен договор со којшто за граѓаните се обезбедува поевтина струја за наредните 25 години.

„Невистина е дека сме испреговориле модел којшто не гарантира поевтина цена. Формулата којашто сме ја испреговарале гарантира поевтина цена“, потенцираше Битиќи.