На 17.06.2023 во 21.50 часот на подрачје на Центар од полициски службеници се лишени од слобода У.Е.(47) и M.A.(43), двајцата од Р. Турција, затоа што, според пријавеното, се обиделе да одземат предмети од куќа на подрачје на Центар, но не успеале. За настанот е известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.06.2023 во 23.05 часот на подрачје на Центар од полициски службеници е лишен од слобода А.Д.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.06.2023 во 21.30 часот на подрачје на Аеродром од полициски службеници е лишен од слобода А.К.(36) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.06.2023 во 13.40 часот во Тетово од полициски службеници е лишен од слобода С.Б.(56) од Тетово затоа што кај него бил пронајден и одземен хероин. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.06.2023 во 22.30 часот во Гостивар од полициски службеници е лишен од слобода 27-годишен гостиварец затоа што кај него бил пронајден кокаин. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 18.06.2023 во 03.15 часот во Гостивар од полициски службеници е лишен од слобода Д.Д.(41) од с. Маврово затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.