На 01.10.2024 во 14.30 часот, полициски службеници од ОВР Неготино лишиле од слобода лице(42) од Прилеп поради сомнение дека од домот на И.М.(74) од Неготино одзела пари. Е.М. била приведена во полициска станица, а парите биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.10.2024 во 21.20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода лице(38) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 01.10.2024 во 21.25 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода лице(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 01.10.2024 во 14.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода лицето.(41) и лицето(28), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и дигитална вага. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 01.10.2024 во 20.00 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, лишиле од слобода лице од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 01.10.2024 во 22.55 часот кај кружен тек помеѓу улица „Киро Ристовски Дрнц“ и улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода лице(25) од с.Голема Речица, тетовско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

На 01.10.2024 во 20.00 часот на улица „Љуботенска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово привеле лице(55) од Тетово, кој бил баран со судска наредба за издржување на затворска казна. Лицето било предадено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната