На 04.12.2022 во 19.15 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на наредба од Основен суд Тетово, го привеле И.Ч.(26) од Тетово за издржување на затворска казна. Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

На 04.12.2022 во 13.50 часот на улица „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово-ОВР Гостивар, врз основа на судска наредба од Основен суд Гостивар, го привеле В.Џ.(38) од гостиварска Горна Бањица за издржување на затворска казна. Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

На 04.12.2022 околу 14.35 часот на бул.„8 Септември“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Д.(32) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 04.12.2022 во 22.10 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.М.(23) од Велес затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 05.12.2022 во 01.25 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(21) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и ризли. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 04.12.2022 во 23.10 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(19) од с.Сингелиќ, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 04.12.2022 во 23.30 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Р.(26) од с.Копаница, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 04.12.2022 во 21.20 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Х.(19) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и други предмети. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 05.12.2022 во 01.00 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Н.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 04.12.2022 во 19.35 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода П.Т.(19) од Скопје и С.С.Х.Ш.(20) од Велес затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 04.12.2022 во 20.40 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.А.(22) и Д.Н.(29), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.