На 29.01.2023 во 01.10 часот во Велес од полициски службеници од СВР Велес лишен од слобода е А.А.(34) од Велес, затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 28.01.2023 во 21.30 часот на подрачје на Центар од полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога лишени од слобода се Д.Ј.(40) и З.К.(31), двајцата од Скопје, затоа што кај З.К. била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 28.01.2023 во 18.00 часот во Прилеп од полициски службеници од ОВР Прилеп приведен е А.А.(40) од Прилеп, затоа што кај него се пронајдени и одземени 28 ампули дијазепам. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против А.К.(30) село Моин, гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 23.09.2022, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле 47 куршуми со калибар 7,9 мм.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.А.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Пред угостителски објект на Попова Шапка, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фиат пунто“, управувано од пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

На 28.01.2023 во 11.00 часот во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово лишен од слобода е Е.М.(34) од с.Боговиње, затоа што агресивно се однесувал и спречувал полициски службеник при вршење службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.