Недостигот на кадар ни е проблем што се провлекува со години и тоа на сите единици што се членки на УКИМ а се вкупно 28 од кои 23 факултети и пет институти и вработувањата на овие единици одат преку Универзитетот, порача рекотрката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Билјана Ангелова во интервју за Слбоден печат.

„Ние сите барања од единиците ги спроведуваме навремено до надлежните министерства, а тоа се Министерството за образование и наука и Министерството за финансии но не ги добиваме секогаш вработувањата што ги бараме. Ние правевме некои анализи и не сите вработување се реализираат. Во претходните години, каде имаше и ковид пандемија, имаше само 25% реализирани барања за вработувања на академски кадар и само 15% за ненаставен кадар. Оваа година состојбата е значително подобрена но се уште не е на ниво кое ние го очекуваме“ рече таа.

Ангелова посочи дека зад сите барања за вработувања Универзитетот доставува сериозни аргументи за потребата од кадар.

„Имаме аргументи зошто ги бараме тие вработувања, затоа што во еден момент имаме испразнети кадетри, имаме јазови што треба да се пополнат и оваа кадровска автономија е нешто што нас ни следува по Устав и по закон, но за жал, како финансиската така и кадровската автономија не се реализира во целост, но се надеваме дека во наредниот период, надлежните институции ќе излезат в пресрет на нашите барања“ заклучи Ангелова.