По трите лица трагаат тим нуркачи од единицата „Тигар“ како и тим со дрон.

Како што претходно беше соопштено околу 15 часот е пријавено дека на патот „Скопје-Граничен премин „Блаце“ (близу тунелите) се случила тешка сообраќајна несреќа во којашто учествувале патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски таблички, управувано од Б.Б. од Скопје и патничко возило „бмв“ со косовски регистерски таблички, управувано од Н.П. од Косово.

Според познатите информации возилото марка голф по несреќата паднало во реката Лепенец.

Како што објавивме во возилото „бмв“ покрај возачот имало и тројца сопатници. Едно лице е извадено од реката и пренесено во болница.