Ако се смени изборот за претседател на државата и тој се избира во Собранието, тоа ќе придонесе за зајанување на кохезијата во македонското општество, рече во интервју за Слободен Печат, политичкиот аналитичар Газменд Ајдини.

„Изборот на претседател на државата во Собранието има еден кохезивен момент, затоа што никогаш нема да се случи една партија сама да има 80 гласови во Собранието“ посочи тој.

Ајдини смета дека со избор на претседател во Собранието веќе нема да се повторуваат случаите кога претседателот на државата не бил признаван од одредени политички партии.

„Искуствено, знаеме дека со консензус е избран само Киро Глигоров во 1991 година. После тоа сите други претседатели беа контекстирани, односно сите други претседатели од одредени партии беа нарекувани како „граѓанинот“ нарекувани со имиња, со иницијали, со прекари, не ги нарекуваа претседатели, не се одеше на нивниот годишен говор во Собрание… Ако има дооговор за избор во Собрание сите партии ќе го почитуваат тој претседател и нема да се додје во ситуација некои од партиите да велат дека изборите биле украдени дека имало притисоци и слично“ рече Ајдиниц, додавајќи дека сегашниот изборен модел и де факто и де јуре оневозможува избор на етнички Албанец или некој друг од немнозинските заедници за претседател на државата, па дури и по услов тој да биде два пати поквалитетен од другите кандидати.