На Листата на должници бр.08/2025 објавени се 2051 должници – правни лица (повеќе за 46 од претходната листа) и 3992 физички лица (повеќе за 53 од претходната листа), информира УЈП.

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.08/2025 изнесува 12.728.077.665 денари, (повеќе за 38.111.524 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 12.566.974.850 денари, (повеќе за 77.001.971 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 161.102.815 денари (повеќе за 38.890.447 од претходната листа).

Листата може да ја погледнете тука.