На 11.03.2025 во 16.10 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода лице (26) од Куманово. Тој се сомничи дека на 10.03.2025 од тезга на пазар на ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово одзел пари.

Мажот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.