На 06.03.2025 во 12.25 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес привеле лице(46) од Велес, кој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Велес за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 188 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
На 06.03.2025 во 21.50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода лице(44) од Република Србија. Таа се сомничи дека на улица „Пиринска Македонија“ во Куманово одзела паричник на К.А.(81) од Куманово. С.С. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (07.03.2025) во 00.55 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода лице(34) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 06.03.2025 во 16.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода лице(31) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 06.03.2025 во 22.05 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје, лишиле од слобода лице(20) од с.Никуштак, општина Липково, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 06.03.2025 во 12.05 часот на ул.„Ванчо Прќе“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип лишиле од слобода лице(61) од Штип затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 06.03.2025 во 18.00 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш лишиле од слобода лице(37) од село Калуѓерица, радовишко и Д.Л.(49) од село Сулдурци, радовишко. При преглед на патничко возило „фолксваген пасат“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од лице, а сопатник бил друго лице., била пронајдена и одземена марихуана. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 06.03.2025 во 16.10 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници лишиле од слобода лице(43) од Косово затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол-Швајцарија. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.
На 06.03.2025 во 13.30 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници лишиле од слобода лице(25) од Република Албанија затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека патничкото возило „фолксваген пасат“ со германски национални ознаки, кое го управувал, евидирало во оперативната евиденција на Интерпол како украдено. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...