СДСМ денес продолжува со серијалот скандали „Тендерски мрежи“. Ќе се презентираат нови докази за фирми блиски до ВМРО-ДПМНЕ кои испумпуваат пари од институциите, но и од проекти фиансирани од унгарскиот кредит, велат од партијата.

„Вчера откривме шема во која на компанија гонета за местење тендери се доделени 50 тендери до градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, денес продолжуваме со објавување на вистината за нови злоупотреби.

За четири години колку што се на власт ВМРО-ДПМНЕ во мнозинството општини, извршиле огромни кражби на парите на граѓаните преку матни тендерски постапки.

Десетици фирми кои се вртат и се блиски до ВМРО-ДПМНЕ вртат милиони евра кои потоа завршуваат во џебовите на партиските функционери. „ – велат од СДСМ.