На 02.03.2025 во 14.30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Г.П.(25) од Република Албанија. Тој се сомничи дека претходно во верски објект во Гостивар одзел мобилен телефон и пари од Б.Т.(29), од с.Долна Бањица, гостиварско. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Г.П. бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.03.2025 во 00.40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода лице(20) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 01.03.2025 во 21.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода лице (37) од Куманово затоа што кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 02.03.2025 во 21.15 часот во Скопје, на паркинг простор на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.Е.О.(21) од Република Турција, со престој во Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 02.03.2025 во 16.00 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го привеле лицето(34) од с.Глумово, скопско, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 02.03.2025 во 10.00 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром– Скопје, на излез од државата, полициски службеници ги лишиле од слобода У.Ј.А.(21) и 14-годишник, двајцата од Република Турција, затоа што при пасошка контрола и проверки во оперативна евиденција констатирано било дека приложиле португалски фалсификувани патни исправи. У.Ј.А бил спроведен во Прифатен центар за странци Скопје за понатамошна постапка, додека по наредба на Јавен обвинител, малолетникот бил предаден на родител.