На 27.02.2025 во 19.40 часот на улица ,,146“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода лице(44) и лице(46), двајцата од Тетово, затоа што кај нив бил пронајден и одземен хероин. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 27.02.2025 во 19.00 часот на ул.„Козјак” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобод алице(27), лице(19) и лице(31), сите од Битола, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на настанот против нив ќе следува соодветен поднесок.
На 27.02.2025 во 21.30 часот на Средно Водно, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода лице(24) од Република Турција затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.02.2025 во 14.00 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода С.В.лице од Штип затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.02.2025 во 23.50 часот на паркинг простор во охридскот, полициски службеници од СВР Охрид привеле лице(41). При преглед во патничко возило „рено“, во кое бил со лице(28), кај него била пронајдена и одземена марихуана, грендер со остатоци од марихуана и стаклен предмет со семки од канабис. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 27.02.2025 во 16.30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода лице од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.02.2025 во 20.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода лице од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.02.2025 во 16.30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје привеле лице(36) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...