На 26.02.2025 во 16.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека група планинари од Чешка Република, кои се наоѓаат на Шар планина, во близина на границата со Р.Косово, бараат помош затоа што еден од нив, Ј.С., имал повреда на ногата.
Веднаш било постапено по пријавата и била испратена екипа за спасување со ратрак и во 18.10 часот лицата биле пронајдени и вратени во Попова Шапка, од каде што повредениот со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Ургентен центар Тетово за укажување лекарска помош.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...