Од утре следува период на променливо облачно време со постепен пораст на температурите. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Од понеделник ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од слаб снег.

Денеска пак наутро многу студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност, поголема во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје, утрото студено, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, се вели во информацијата на УХМР.