На 15.01.2025 во 10.08 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен лице(57) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во магацин на приватна фирма на подрачјето на Ѓорче Петров. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и за настанот бил запознаен трудов инспектор.
На 15.01.2025 во 12.00 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен лице(36) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во правен субјект на подрачјето на Гази Баба. За настанот бил известен трудов инспектор, а увид извршила екипа од СВР Скопје.