Одлуката на Европската унија да ја одвои Албанија од Северна Македонија во нашето европско патување е капитален неуспех за владата со моноетнички легитимитет.
Поразените албански партии потпишаа предизборна декларација со која ветуваа дека никогаш нема да станат дел од влада без промена на Уставот и деблокирање на европскиот пат на земјата.
Излажаа. 100 дена сторија скандали кои не уназадија 30 години и ни ја изгубија последната надеж за интеграција во Европската Унија.
Вашето отворено постројување кон Русија и Кина е неприфатливо и е спротивно на определбата на граѓаните за партнерство со Соединетите Американски Држави и Европската Унија.
Демократската унија за интеграција бара итно враќање на државниот приоритет за евроинтеграции и итно дистанцирање на власта од руско-кинеското партнерство.