Денеска (27.09.2024) во 04.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Карпошево востание“ во Скопје настанал пожар во паркирано патничко возило „тојота корола“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на лице (42) од Скопје.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.