-Унгарскиот Центар за управување со државен долг, објави дека Унгарија зела 1 милијарда евра кинески пари од Кинеската банка за развој. Податоците се јавно достапни на нивната интернет страница, изјави денеска портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска во одговор на новинарско прашање.

-По пишувањето на реномирани светски медиуми ова е уште една, официјална потврда дека парите за унгарскиот кредит се всушност кинески пари.

Значи освен корупцијата Мицкоски сака да го сокрие и потеклото на парите од Кина, затоа му се брза со итна постапка во Собрание и го бутка по секоја цена.

Последиците ќе бидат врз граѓаните и државата.

На овој начин Мицкоски ја става во заложништво земјата и под штетна политичка зависност од трети земји, спротивно на стратешките интереси, рече Кузеска.