Следува период кога во попладневните и вечерните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Особено поинтензивни процесите ќе бидат во четврток и петок кога на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на невреме со силен ветер и град.

Утре се очекува сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. UV=6

Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме.