Во годината кога  СКОПСКО  слави 100 години, активностите во рамки на долгорочната платформа за општествена одговорност „Наша гордост. Наша одговорност.“ продолжуваат со полна пареа.  Па така, од вчера, 5 Август, започнува  новата инсентив програма во рамките на Екомак апликацијата, насочена кон наградување на корисниците за селекција на отпад (пластични амбалажи и лименки). Учесниците ќе добиваат по 5 зелени поени за секое парче селектиран отпад од СКОПСКО и СКОПСКО Smooth амбалажите, кои понатаму можат да ги искористат/реализираат во листата на објекти наведени во апликацијата.

Кампањата ќе започне со новите вендиг машини за селектирање на отпад кои неодамна беа поставени во Охрид и Струга.  

Во првите две недели од поставувањето на новите вендинг машини во Охрид и Струга, беше забележано значително зголемување на активностите за селектирање отпад. Резултатот е неверојатен, 18.000 амбалажи селектирани за само две недели! Ентузијазмот на заедницата постави позитивен преседан за претстојната инсентив програма. 

Ги покануваме сите корисници на Екомак апликацијата да учествуваат, да заработуваат зелени поени и да придонесат за почиста животна средина. 

Од 05.08 до 15.08, програмата за екстра поени ќе биде достапна само на четирите вендинг машнини во Охрид и Струга. Од 16.09 до 30.09, програмата ќе се прошири и ќе биде достапна на сите активни вендинг машини низ целата земја.

Во акцијата за подигнување  на свеста за селектирање отпад се вклучија бројни познати лица и инфлуенсери од македонската сцена, а токму на оваа тема актерот Александар Михајловски подготви едукативно видео за тоа како правилно се селектира отпад.

Оваа иницијатива ги обединува напорите за општествено одговорно делување и заштита на животната средина и во целост ги поддржува заложбите на Пивара Скопје за одржлив развој во рамки на платформата „Свет без отпад“, како и нула емисии на CO2 до 2040 година. 

Како компанија ориентирана  кон иднината, Пивара Скопје преку СКОПСКО платформата „Наша гордост. Наша одговорност.“ ќе опфати и други национални обележја во земјата и ќе ги обедини граѓаните, организациите и институциите кои ги делат истите вредности и заложби за одржлив развој, со крајна цел подигнување на колективната свест и движење напред кон одржливо општество.