Министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ и Шенген зоната денеска донесоа одлука за продолжување без контрола на внатрешните граници на три земји – Хрватска, Бугарија и Романија.

На маса беа предлозите за две одлуки, едната за прием на Хрватска, а другата за прием на Бугарија и Романија.

За одлуката беше потребна согласност од сите земји на ЕУ кои се членки на Шенген, додека четирите надворешни членки кои се надвор од ЕУ не одлучуваат за тоа.

Според хрватските медиуми, министрите ја донеле конечната одлука во Брисел и Хрватска од 1 јануари 2023 година ќе влезе во Шенген.

Австрија ги блокирае Бугарија и Романија и најави вето.