Како што вели британскиот министер за одбрана, Бен Валас, нема да биде изненадување ако рускиот претседател Владимир Путин објави нова светска војна.

Изјави дека Путин тоа може да го стори во наредните денови.

„Не би бил изненаден, дека најверојатно на 1 мај ќе изјави дека „сега сме во војна со светските нацисти и дека мора масовно да го мобилизираме рускиот народ“, кажа Валас.

Русија ја почна инвазијата во Украина пред повеќе од два месеци. Неколку украински градови се под контрола на Русите. Претходно, Русија тврдеше дека нема да ја нападне Украина.