На 12.04.2022 околу 01.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Војвода Васил Чакаларов“, патничко возило „рено“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.К.(58) од Скопје, излетало од коловозот.

По несреќата Љ.К. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.