Комисијата за заразни болести на редовниот состанок предложи да се укине задолжителното носење маски во затворен простор.

Сепак, постои исклучок за здравствените установи, аптеките, домовите за стари лица и јавниот превоз, каде што останува да важи правилото и задолжителното носење маски.

Маските во другите простории може да се носат само по желба на гражаните, но не е задолжително, препорача комисијата.