Гранатата погодила привремен руски воен камп во близина на границата со Украина, јави руската агенција ТАСС, наведувајќи дека според првите податоци најверојатно била истрелана од украинска страна.

Тасс пишува и дека во експлозијата се повредени четири лица.

ТАСС го објави инцидентот веднаш откако висок локален функционер објави серија експлозии во близина на рускиот град Белгород долж границата со Украина.