На денешната седница Владата ја донесе Уредбата за униформата и ознаките на униформата на полицијата.

Како што информираат од владината прес-служба, оваа уредба е донесена врз основа на Законот за употреба на јазиците.

„Според член 8 став (3) е утврдено дека униформите на полицијата во Скопје и во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, се напишани на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Северна Македонија и неговото писмо“, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека оваа уредба влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник“, а ќе почне да се применува во текот на една година од денот на влегувањето во сила.

Ова го потврди и вицепремиерот и министер за политички систем, Артан Груби, кој преку социјалните мрежи соопшти дека Владата донела одлука на полициските униформи во иднина покрај на македонски да стои натпис и на албански јазик.