Се наоѓаме пред новоизградениот објект во рамките на училиштето „Лазо Ангеловски“ во населбата Ново Лисиче, кој е во завршна фаза и предвидено е да биде целосно подготвен за стартот на новата учебна година, рече во Изјава за медиуми, Ивана Цветковска, претседателка на Совет на општина Аеродром, која ја пренесуваме интегрално во продолжение:

Овој капитален проект опфати изградба на приземје и кат, односно нови училници, хол, канцеларии и санитарни јазли, кои се поврзани со веќе постојниот објект на училиштето.

Со ова се решава повеќе деценискиот проблем на учениците и родителите и во иднина училиштето нема да работи во три смени, со што ќе се овозможи непречена реализација на наставата.

Остануваме фокусирани на најмладите и на обезбедувањето најдобри услови за нивно образование.
Во изминатиот период го саниравме покривот на училиштето, ги сменивме вратите на училниците и помошните простории, а го заменивме и стариот под во училниците и кабинетите.

Како одговорна и посветена локална власт ги реновиравме сите основни училишта на територијата на Аеродром, а при крај е изградбата и на новиот објект на училиштето „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче, со што учениците ќе добијат современо училиште по цели шест децении.

Почитувани,
Градиме по план дури и во услови на економска и здравствена криза. Работиме посветено да го постигнеме најдоброто за нашата општина.

Социјалдемократскиот сојуз е фаворит на претстојните избори, затоа граѓаните умеат да го препознаат најдоброто за Аеродром!