Во Мумбај во Индија забележан е бизарен случај кога земјата буквално „проголтала“ паркиран автомобил.

Инцидентот се случил за време на облилни врнежи во Мумбај, а снимката покажува како автомобилот исчезнува во дупка исполнета со вода.

Со истрага е утврдено дека автомобилот завршил во бунар кој не се користи, и кој бил прекриен со бетон, меѓутоа, бетонот пукнал, а автомобилот исчезнал во бунарот.