Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ – членка на Извршниот одбор:
Под притисок на власта, Уставниот суд го укина колективниот договор за култура.
Работничките права на над 2.000 вработени се под силен удар.
Ова е преседан, за прв пат во Македонија се случува Уставен суд да укине Колективен договор.
Погребана е правдата и правната сигурност. Правда нема, има контролирано судство кое носи одлуки под диктат на власта.
Ударот врз работниците од култирата почна уште кога ВМРО-ОКГ дојде на власт.
Не се почитуваше Колективниот договор, го сменија начинот на пресметка на платите.
Вработените беа приморани да поднесат тужби и правдата да ја бараат на суд.
Сега и тоа право им е одземено.
Во меѓувреме, Зоран Љутков беше награден откако беше разрешен, со позиција национален координатор за култура и плата од над 100.000 денари а над 2.000 вработени беа извисени.
Политичката одлука на Уставниот суд отвора врата да се укинуваат и други колективни договори.
Одлуката за некакво одложено дејство е само маска.
Во реалноста, пари во Буџетот за 2027 година нема за да ги следи обврските од Колективниот договор. Очигледно власта однапред ја знаеше одлуката на Уставниот суд па не предвидела пари.
Сега нема да се знае како ќе се пресмета следната плата на вработените. Ќе следуваат нови произволни пресметки, притисоци врз вработените и дополнително кратење на нивните права.
Колективниот договор за култура беше резултат на синдикална борба, преговори и социјален дијалог и беше склучен во време на владата на СДСМ.
Тоа е разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ОКГ. Не сме исти.
СДСМ е на страна на работниците и ги подобрува работничките права, ги покачува платите и стандардот а ВМРО ги укинува.
Ги поддржуваме работниците и нивната борба за своите права, за достоинствени плати.
Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=vg3fTM8sokE