Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во репликата на седницата за пратенички прашања, посочи дека својствено за Мицкоски е да избегнува конкретни одговори за скандалот со Алта банка, односно со кого е направен дилот за влез на оваа банка во државата?

„Се надевам дека одговорот вака најдобронамерно нема да излезе во некоја од Скај преписките, ама тоа вие најдобро го знаете“, рече Филипче.

Воедно, во репликата, Филипче посочи дека односно на Мицкоски е лицемерен, пред странската јавност зборува едно, а пред граѓаните во Македонија сосема друго.

„Го потврдивте лицемерието. Вие точно кажувате, знаете и не сте го смениле мислењето, ама тоа што го кажувате на едно или и на друго место е различно. Ист ви е ставот затоа што сте знаеле и знаете дека нема предоста. Прашањето е зошто признавате на странски медиуми дека нема предавство, а тука нè обвинувате дека сме предавници. Тоа е суштината. Тоа не е кодошење. Не сте конзистентни. Бидете конзистентни. Што ако тука имаше странец? Што тогаш ќе кажевте? Еве што ако е гостинка претседателката Фон дер Лајен? Што тогаш ќе кажете? Тоа е суштинското прашање. Така што, како и секогаш нема одговор на прашањата“, рече Филипче.