Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против 66-годишник од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 07.05.2026, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени две пушки, една старинска и една репетирачка марка „Маузер“, и боева муниција за кои не поседувал дозвола.