На 22.11.2026 во 19:14 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка лишиле од слобода 35-годишник од село во Крива Паланка затоа што физички ја нападнал неговата сопруга и ѝ се заканувал.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.