Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против 46-годишник од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување на судска одлука“.
На 17.10.2026, пријавениот бил затекнат во семејната куќа на неговиот брат и со тоа не се придржувал до судската одлука донесена од Основниот суд Штип, со која му е изречена забрана да се заканува, да го малтретира и вознемирува неговиот брат.