Биљана Кузманоска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, истакна дека Предлог- Буџетот за 2027 година, освен тоа што го гледа како важен инструмент за одржување на финансиската стабилност на државата, истиот создава услови за понатамошен економски развој на државата.

„Од една страна, овој Буџет обезбедува финансиска стабилност и континуитет во функционирањето на државата, односно овозможува редовно исполнување на обврските кон граѓаните, а од друга страна преку планираните инвестиции и развојни политики, создава услови за посилна економија, нови можности и подобра иднина“, рече Кузманоска.

Кузманоска кажа дека со Предлог-Буџетот предвидени се 40,8 милијарди денари капитални расходи за инфраструктурни инвестиции, посочувајќи ги инвестициите во Коридорите 8 и 10д, како и автопатското поврзување на Прилеп – Битола, истакнувајќи дека истите ќе придонесат кон побрзо и поекономично транспортирање на стоките низ државата со што истата станува, како што вели Кузманоска, попривлечна за нови инвестиции.

„Во Буџетот се предвидени 40,8 милијарди денари капитални расходи, а дополнителни 18 милијарди денари инвестиции се планирани преку Јавното претпријатие за државни патишта. Тука се инвестициите во Коридорот 8 и Коридорот 10д, но за мене, како пратеник од Прилеп, особено е важно и автопатското поврзување на Прилеп и Битола. Ова не е само прашање на подобри патишта, ова е прашање на економски можности за целиот регион. Кога една компанија може побрзо и поекономично да ги транспортира своите производи, таа станува поконкурентна. Кога еден регион има добра инфраструктура, тој станува попривлечен за нови инвестиции“, истакна Кузманоска.

Пратеничката Кузманоска ги потенцираше и инвестициите во железничката инфраструктура, чија ставка бележи зголемување за 53,6% во однос на 2026 година, а ги опфаќа модернизацијата на железничкиот Коридор 8, активностите кон границата со Бугарија, железничкиот граничен премин „Табановце“, како и обновувањето на возниот парк на Македонски железници- Транспорт, и посочи дека железницата треба да биде дел од долгорочната економска стратегија на државата.

„Покрај патната, значајна е и железничката инфраструктура. За оваа намена се планирани 6,2 милијарди денари, што претставува зголемување од 53,6 проценти во однос на 2026 година. Модернизацијата на железничкиот Коридор 8, активностите кон границата со Бугарија, железничкиот граничен премин „Табановце“ и обновувањето на возниот парк на Македонски железници – Транспорт се важни чекори кон поефикасен транспортен систем. Особено во услови кога транспортните трошоци имаат сè поголемо влијание врз конкурентноста на компаниите, железницата мора да биде дел од нашата долгорочна економска стратегија“, изјави Кузманоска.

фото: Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ