На 18.11.2026 во 00:10 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје сопреле патничко возило, управувано од 23-годишен жител на Скопско, а при преглед во возилото била пронајдена марихуана.

Потоа, според пријавеното, 23-годишникот го стартувал возилото и удрил полициски службеник, по што се дал во бегство по стариот пат од населбата Хиподром кон населбата Илинден.

Притоа, кај местото викано „Пуста кула“ удрил во паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое од ударот се поместило и удрило во ограда, по што бил лишен од слобода од полициски службеници.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.