На 17.11.2026 во 12:54 часот во СВР Тетово, од Ургентен центар Гостивар е пријавено дека кај нив со повреди бил донесен седумгодишен ученик од гостиварско Врапчиште.

Според пријавеното, со повредите се здобил на час по физичко образование во основното училиште во селото. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.